Рудници Бањани АД Скопје е лоциран на јужните падини на Скопска Црна Гора, северозаподно од Скопје, во атерот на селата Бањани и Мирковци. Во далечната 1964 година е направено првото минирање од кога почнува и со работа рудникот „Бањани“, тоаш во склоп на некогашниот индустриски гигант “Рудници и Железарници- Скопје”. Подоцна се трансформира во ООЗТ Бањани, а во 1991 поминува во„ РЖ Скопје-Бањани ДОО“ Скопје, за да потоа во 1997 година стане акционерско друштво.
Рудници Бањани АД Скопје со својот капацитет и асортиманот на производи,а воедно видот на производството претставува гигант во Република Македонија во гранката на неметалните минерални суровини. Капацитетот изнесува 2 милиони тони сепариран варовник, мермер, доломит или кварцит што зависи од потребите на купувачите.
Рудникот има одлични комунукациски врски кои го поврзуваат лежиштето и сепарацијата до главниот град Скопје. Сепарацијата се наоѓа во непосредна близина на површинскиот коп и претставува целосно автоматизиран и флексибилен објект кој овозможува производство на различни видови готови производи.
Рудници Бањани АД Скопје располаа со затворен систем за производство што овозможува еколошко производство, односно заштита на животната средина.Дополнителнно, вршиме пошумување и садење на грмушки со цел да се заштитат околните населени места и животната средина.
Воедно, нашите производи се произведуваат по европските стандарди, а квалитетот на истите е контролиран од страна на реноминираната институција ГЕИНГ Кук Кребс, Скопје.
Нашата цел е да ги следиме најновите технологии за микронизирани фракции со цел да ги исполниме очекувањата и потребите на нашите клиенти и партнери.
Copyright © 2025 Рудници Бањани АД. Developed by Codecordia
Part from Organization Integrated Management System Beta 1.0.0 version
Со кликнување на „Ги прифаќам сите колачиња“, вие се согласувате на чување колачиња на вашиот уред со цел да ја подобрите навигацијата на страницата, да ја анализирате употребата на страницата и да помогнете во нашиот маркетинг. Со кликнување на „Поставки за колачиња“, можете да изберете да дозволите или да не дозволите некои специфични типови колачиња.
Дозволи пристап за геолокација | |
---|---|
Дозвиоли персонализирани реклами и содржина, метрика на реклами и аналитика за посета | |
Зачувување и/или пристап на информации на уредот |